Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Лето Шпанија 2019

    Шпанијa програма, хотели и излети за лето 2019.

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Милано

    €10,00
    Водич + билет за јавен превоз Тука ќе уживате во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во Светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala, Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици, прошетка низ прочуениот Замок “Sforca”(метро).

    HOTEL ALEGRIA FENALS MAR 3+*

    €349,00
    Локација: 100м од плажа Феналс, 500м од центар на Лорет
    Опременост на соби: клима, WC, бања, фен, TV сателитска, сеф (екстра), балкон
    Хотелски содржини: ресторан, бар, билијард, базен, Wi-Fi, Идеален за Фамилии

    HOTEL DON JUAN CENTER 2*

    €245,00
    Локација: 200м од плажа во строг центар на пешачка зона Опременост на соби: WC, бања, сеф (екстра) Хотелски содржини: ресторан, бар, базен, playstation4 Wi-Fi, rent a bike

    HOTEL DON JUAN PALACE 4*

    €370,00
    Локација: 400м од плажа, Опременост на соби: Клима, WC, бања, TV сателитска, балкон, сеф (екстра) Хотелски содржини: ресторан, бар, ноќен клуб, 2 отворени 1 затворен базен, градина, тениски терени (екстра), пинг понг, мини клуб за деца, секоја вечер организирано шоу со аниматори, Wi-Fi

    HOTEL FENALS GARDEN 4*

    €365,00
    Локација: на 400м од плажа феналс, 900м од центар на Лорет
    Опременост на соби: Балкон, WC, бања, фен, клима, TV сателитска, сеф (екстра)
    Хотелски содржини: Градина, СПА и фитнес, Џакузи, базен, Wi-Fi FREE

    HOTEL METROPOL 4*

    €345,00
    Локација: 30м од плажа, во центар на градот
    Опременост на соби: клима, WC, бања, фен, TV сателитска, мини бар, балкон (екстра)
    Хотелски содржини: ресторан, бар, Wi-Fi

    HOTEL MONTANAMAR 3*

    €349,00
    Локација: 800м од плажа,
    Опременост на соби: клима, WC, бања, фен, LCD TV, сателитска, сеф (екстра), балкон
    Хотелски содржини: ресторан, бар, билијард, базен, Wi-Fi

    HOTEL NORAI 2*

    €389,00

    HOTEL PLACA PARIS 4*

    €370,00
    Локација: 300м од плажа
    Опременост на соби: клима, WC бања ,TV сателитска, балкон,
    Хотелски содржини: ресторан, бар, базен, џакузи, фитнес центар, билијард, игрoтека, Wi – Fi

    Барселона панорамика

    €25,00
    * разглед на градот со водич, превоз
    Ремек делата на Антони Гауди се неизбежни во обиколка на Барселона… Неговото најголемо ремек дело е црквата Sagrada Familia а на најелегантната авенија Passeig de Gracia ќе ги видите неговите куќи како од бајка, Casa Batllo и Casa Mila. Нема да ве остават рамнодушни ни плоштадите Каталуња и Еспања, Националната палата, арените за корида… А за крај прошетка по најшарената улица на светот- Ла Рамбла, улица која ќе посакате да нема крај…

    Аквариум

    €21,00
    *превоз + влезница
    Во огромните аквариуми живеат 11.000 животни од 450 различни видови, кои пливаат во 6 милиони литри вода, а движејќи се низ подводен тунел долг 80 метри ќе може да ги запознаете и истражите сите. Чуството да се биде толку близу до водениот свет што живее во водите на медитеранот е уникатно и незаборавно. Аквариумот на Барселона е најголемиот аквариум во Европа, посетен од над 14 милиони посетители до сега.

    HOTEL MAEVA 1*

    €369,00
    Во строг центар на Лорет Де Мар на сама плажа и главното шеталиште

    Фламенко

    €25,00
    * влезница + 1Шампањ и неограничено сангрија
    Шпанска вечер со традиционалниот шпански танц Фламенко кој го изведуваат екипа на врвни танчерки и танчери. Шоуто е поделено во неколку дела, каде ќе уживате во феноменалниот глас на тенорот Сам, и специјалната изведба на светскиот рекордер во нај брз фламенко танц Хосе Леон. Вкусот на сангријата (кој можете да го конзумирате во неограничени количини) ќе го збогати уживањето во традиционалните танци и шпанската гитара… и на крајот сме сигурни дека некој од вас ќе го поведе ритамот и ќе заигра.

    HOTEL BLUE SEA MONTEVISTA 3*

    €429,00
    350 м. од плажа

    Кан

    €10,00
    *превоз, разглед на градот со водич
    Посета на брдото Сиќе со панорамски поглед на градот, стариот град , монденската улица La Croisette, Филмската Палата, престижните хотели, плажата… Разглед на прекрасното градче со вистински француско – провансалски шмек.

    CAMP NOU

    €27,00
    * влезница
    Стадионот Камп ноу со капацитет од 99.354 седишта, го прави најголемиот стадион во Европа и дванаесеттиот по големина во светот. Доживејте ја магијата на најубавиот стадион на светот, каде ќе имате можнот да го посетите музејскиот дел со сите трофеи освоени од FC BARCELONA, трибините, сликајте се со најпознатите фудбалски ѕвезди, купете сувенир и испишете го своето име на дрес…

    Витешки борби

    €40,00
    *Превоз + влезница
    Во средновековниот замок во Тордера Ви приредуваат навистина интересна програма во средновековен стил, каде што можете да видите на кој начин се бореле витезите. Со самото влегување во замокот ќе бидете пречекани од “Грофот и Грофицата од Валтордера” кои на влезот ќе Ви посакаат добредојде, а нивните слуги ќе Ве испратат до главните сали. По вечерата се оди кон салата за танцување каде можете да се забавувате танцувајќи на разни ритми (танго, валцер,ча-ча-ча….и.т.н.) Некаде околу полноќ следува програма на шпански национални игри и танци.

    ФИГУЕРАС - МУЗЕЈ НА ДАЛИ + ЕМПУРИА БРАВА

    €30,00
    *превоз + влезница за музејот на Дали
    Посета на родниот град на Салвадор Дали и неговиот музеј отворен во 1974 година. Дали Театар - музеј е изграден врз остатоците од поранешниот Figueres театар. Тој содржи најширока палета на дела кои ѓи опфаќа уметничката кариера на Салвадор Дали (1904-1989), од неговите најрани уметнички искуства и неговите надреалистички креации се до делата на последните години од неговиот живот. Музејот на Дали нуди уникатно искуство да бидете во можност да ги почуствувате делата и да уживате во работата и мислите на еден гениј. Empuriabrava (или по позната како Шпанска Венеција) е едно од најголемите пристаништа во земјата. Лоцирана е на брегот на Гирона (Каталонија, Шпанија) Empuriabrava првично била изградена на мочуриште, а потоа била претворена во туристичка атракција. Идејата е уште од 1964 година, а се реализирала 1975 година. Во градот има повеќе од 30 километри канали каде денес свои луксузни летни вили имаат врвни спортисти, пеачи, луѓе од уметноста... Сезонски преку лето Empuriabrava брои население од околу 80.000 жители. Вистинско доживување е можноста да изнајмите глисер, кој ќе го управувате сами по каналите, а тоа е супер – забавно искуство за целото друштво.

    FORTUNA 3*

    €349,00
    Во автобускиот аранжман, предвидено е сместување според фортуна програмата: Сместување според однапред определена категорија на хотел. Имињата на хотелите се определуваат од страна на шпанската агенција пред поаѓањето и за истите организаторот нема влијаније. Организаторот ја гарантира категоризацијата на хотелот во рамките на овој програм. Послужувањето на храната во сите хотели е на база на шветска маса.

    PORT AVENTURA

    €75,00

    БАРСЕЛОНА ШОПИНГ + МАГИЧНИ ФОНТАНИ

    €15,00
    *превоз до Барселона, посета на магичните фонтани
    Барселона нуди вистинска можност за шопинг особено во период од (01.07 – 31.09) кога се големите попусти и распродажби кои одат до неверојатни намалувања на цените до 70 – 80 % Првиот настап на магичната фонтана била на 29 Мај 1929 за време на втората светска изложба. Магичната фонтана е спектакуларен приказ на бои, светлина, движење, музика и акробатика со вода – ако ги измешате сите овие елементи заедно во една целост ќе добиете чиста магија! Магичната фонтана е нешто што мора да се види и доживее.

    ДИСКО ЛОРЕТ ДЕ МАР

    €15,00
    Вип клуб картичка за 7 вечери во дискотека во Лорет де мар, секоја вечер со различна програма

    КОСТА БРАВА

    €15,00
    *Превоз, + влезница за ботаничка градина
    Посета на Tossa de Mar, град со типичен Шпански шмек, автентичен на Шпанската архитектура со прекрасната средновековна тврдина. Посета на ботаничката градина Pinya de Rosa со преку 100 видови на кактуси... излетот завршува со дегустција на вино и сангрија во винарска визба

    МОНАКО И МОНТЕ КАРЛО + фабрика за парфеми ФРАГОНАРД

    €25,00
    *Превоз, разглед на градот со водич
    Разглед на кнежевството Монако- Принчевата палата, катедралата Св.Никола, Океанографскиот музеј, егзотичните градини, патеката на Ф1 ... и секако гламурот на казината во Монте Карло.

    FORTUNA 4*

    €439,00
    Во автобускиот аранжман, предвидено е сместување според фортуна програмата: Сместување според однапред определена категорија на хотел. Имињата на хотелите се определуваат од страна на шпанската агенција пред поаѓањето и за истите организаторот нема влијаније. Организаторот ја гарантира категоризацијата на хотелот во рамките на овој програм. Послужувањето на храната во сите хотели е на база на шветска маса.