Понуди
    Filters
    Пребарување

    Производот е означен со 'алпи'

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Les 2 Alpes

    €299,00
    Јануарско скијање на вториот најстар ски центар во Европа после Шамони, а воедно и еден од највисоките со глечерот на висина од 3600м. (тука се скија и во лето) Град со околу 2000 жители со голем број на ресторани и барови. Градот е сместен на 1650м надморска височина.

    Paradiski

    €399,00
    За сите љубители на мартовското скијање, оваа сезона Нехар Травел го одбра скијачкиот центар Paradiski, сместен во срцето на Француските Алпи. Сместувањето е во ски населбата Les Arcs 1800, со одлична поставеност во однос на ски терените и поврзаноста со другите ски населби и ресорти. Paradiski претставува третиот најголем скијачки центар во Франција (после Les 3 Vallées и Portes de Soleil), а се состои од три ски ресорта: Peisey-Vallandry, La Plagne и Les Arcs.

    Tignes

    €399,00
    На само 5км од француско- италијанската граница, се наоѓа еден од најатрактивните скијачки центри во Франција – Espace Killy, именуван по трократниот олимписки шампион Jean-Claude Killy. Espace Killy -Tignes i Val d'Iser, е ски област во Савојските Алпи кои ја сочинуваат ски стази со должина од 300 км. на надморска височина од 1550м до дури 3450м надморска височинаи важи за едно од најдобрите ски центри во светот. Исто така овој центар го носи и епитетот најдобар во поглед на атмосферата и ноќниот живот кој го нуди. Ќе имате можност да скијате на исклучително долги стази, од кои секако најпозната е велеслаломската стаза во Val d'Isere на која се вози Светскиот куп. Скијајте на местото каде што скијаат НАЈДОБРИТЕ! Делот Val Claret e по наше мислење најдобар избор поради близината на глечерот Grande Motte и врската Val d Isere како и одличниот ноќен живот. Центарот ги вклучува скијачките ресорти Val d’Isèreи Tignes, а оваа година Ви е достапен преку нашиот февруарски ски аранжман за единствена FIRST MINUTEцена од 399 евра.

    Val Thorens - Ski Opening - тест

    €299,00
    Оваа година со Нехар Травел скијајте во најголемиот ски центар во светот “Три Долини” Сместувањето е во Val Thorens. Алпски рај и еден од најелитните ски центри во југоисточна Франција, со повеќе од 600 километри ски обработен терен. Љубителите на скијањето имаат на располагање 430 стази со 1300 топови. 25те планински врвови се поврзани со 200 ски лифтови, сонадморска височина од 1.300 до 3.250 метри. Цетарот има капацитет од превезување на 300.000 луѓе на час, помеѓу сите осум населби и 13 ски – центри. Тука се и 6-те глечери со надморска височина од над 3.000 метри, а на нив скијачка сезона трае во текот на целата година.

    алпи