Понуди
    Filters
    Пребарување

    Производот е означен со 'нехар'

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Рим 3НП - Нова Година

    €229,00
    Рим – Срцето на Италија, град на седум рида, најголем и најброен град во Италија... според легендата основан од Ромул и Рем во 753 год. п.н.е. Во современиот живот на градот се преплетуваат историјата и архитектурата, стари повеќе од 3000 год, па затоа овој град е единствен, неповторлив и не личи на ниедна друга метропола во светот... и со право го носи името Вечен Град. Историјата на градот ја создавале императори, папи, цареви и конзули а изгледот му го дале најеминентните архитекти и уметници. Рим ќе Ве опчини со величенствените антички монументи, триумфални порти, раскошни дворци, колоритни плоштади, ренесансни фонтани, романтични фасади, Колосеумот... стариот дел на градот е вистински музеј на отворено. Сите патишта водат кон Рим!

    Софија

    €69,00
    Софија е главен град и најголем град во Бугарија, со население 1 286 383 лица, што претставува 16,4% од населението на Бугарија. Сместена е во централниот дел на Западна Бугарија, во Софиската котлина, и е опкружена со планини: Витоша на југ, Љулин на запад и Стара Планина на север. Софија го носи името на доцно античката катедрала на градот “Света Софија”, а бидејќи светата маченица Софија е мајка на Верата, Надежта и Љубовта, празникот на светиците е 17 септември, се слави како денот на Софија, а исто така се слави и 4 јануари, кога во 1878 година руските војници ослободуваат градот од турско владеење. Софија е прогласена за престолнина на 3 април 1879 година од страна на Уставотворното собрание, како стар бугарски град, оддалечен од турската граница и централно расположен во бугарските земји според тогашното разбирање. Мотото на Софија е ****Градот кој расте, но не старее****Да ја дочекаме оваа Нова Година заедно, во весела и дружељубива атмосфера

    Фиренца - Чинкве Тере

    €179,00
    Посетете ги најубавите градови на романтичната Тоскана... Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза… прошетајте ја бајката наречена Чинкветере... Фиренца - ренесансен дијамант во срцето на Италија. Најпопозната е по својата катедрала, Дуомо, нејзината купола и банкарското семејство Медичи. Но малку луѓе знаат дека истата таа катедрала е меѓу најдолгите цркви во Европа, дека Фиренца уште во средината на 14 век станала прв град на светот со поплочени улици и дека кратко време била и престолнина на Кралството Италија... Сиена – еден од најубавите и највпечатливи градови на Тоскана, опкружен со винови насади од кои се прави светски познатото вино Кјанти... познат по својот уникатен плоштад Piazza del Campo, кој како копнена школка со црвени бисери, од 12от век па се до денес останува неизменет и доминира со градот. Сиена е позната и по коњската трка Палио, една од најтешките и најопасни трки со коњи во светот. Додека шетате по улиците на Сиена ќе имате чувство дека сте заталкале во некое друго време... Сан Џимињано – романтично средновековно утврдено градче сместено на брдата на Тоскана... славно по својата уникатна средновековна архитектура и по своите кули, кои се гледаат на километри далечина... Чинкветере – во превод пет земји, пет бајковити села Варнаца, Монтеросо, Манарола, Корнилија и Риомаѓоре... Во текот на вековите, на овие стрмни и нерамни брда се до карпите кои излегуваат директно на море, староседелците внимателно ги граделе шарените куќи како од детските фантазии... Магијата на Чинкветере е неповторлива...

    нехар