Понуди
    Filters
    Пребарување

    Производот е означен со 'грција'

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ВИЛА „ANA“ – НЕА ФЛОГИТА

    €75,00
    НЕА ФЛОГИТА, туристичко место,на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики. Се издвојува со нај долгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе Ви ги исполнат деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење ве пресретнува нa градот Неа Мудања еден од најголемите градови во областа Халкидики.
    Вила Ана се наоѓа на само 50 метри од прекрасната песочна плажа.Вилата располага со четирикреветни и петокреветни апартмани. Секој апартмaн има по две простории, спална и комплетно опремена кујна со додатни лежаи, бања, клима (вклучена во цената), интернет и ТВ.

    ВИЛА „GOLDEN BAY“ – ПЕФКОХОРИ

    €90,00
    Вилата се наоѓа во луксузна населба на 1км пред Пефкохори на 30м. од плажа. Вилата има убаво уреден двор со базен, џакузи, скара и бар покрај базен. Располага со комфорни и убаво уредени 1/4 и 1/5 апп на ниско приземје, први и втори кат. Сите 1/4 апартмани се со една спална соба со брачен кревет + 1 кревет на отварање за две лица во кујната, додека 1/5 апартманите имаат уште едно дополнително легло во кујната – софа. 1/4 LUX апартманите се новоизградени сместувачки единици за сезона 2017 и истите се наоѓаат на трети спрат со директен поглед на море. Сите аппартмани се со: клима уред (вклучен во цена), ТВ, опремена кујна и сопствена бања. Користењето на лежалките покрај базенот се вклучени во цената. Апартманите на прв, втор и трет спрат се свртени кон море.

    Вила „Kolios Beach“ – Скиатос

    €109,00
    Вилата Kolios Beach се наоѓа на јужниот дел на островот Скиатос на истоимената плажа и околу 6 км. од центарот на гратчето Скиатос. Сите соби се 1/2 и 1/3 и сите соби имаат директен поглед на море. Секое студио поседува чајна кујна, две или три стандрадни легла, клима, купатило со туш кабина, фен, ТВ, тераса и WiFI (вклучено во цена). Бесплатен паркинг има во близина на вилата. Автобуската станица е одалечена на само 150м. Вилата Kolios Beach е идеална за оние кои сакаат да бидат блиску до плажа.

    ВИЛА „ЕLEKTRA“ – ПЕФКОХОРИ

    €80,00
    Вила Електра е лоцирана во мирниот дел на Пефкохори (веднаш до црквата) во непосредна близина на центарот и одалечена на 250м. од плажа. Вилата располага со 1/2 и 1/3 студиа на приземје и прв спрат. Сите студиа се опремени со 2 единиечни кревети, 3 единечни кревети или 1 брачен + 1 единечен, комплетно опремена кујна, купатило, ТВ, клима уред (вклучен во цената) и пространи тераси. На самиот влез во вилата има рецепција и мал лоби бар. Во вилата има и WiFi интернет.

    ВИЛА „ЕЛЕНА”

    €85,00
    Вила Elena се наоѓа на одлична и мирна локација во Фурка на само 200 м. до плажа и исто толку одалечена од центарот на градчето. Вилата е комплетно реновирана во 2016 год. со нов и модерен ентериер и располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студија. Секое од студијата располага со комплетно опремена кујна за онолку лица колку што има кревети, ТВ, купатило, тераса и клима уред (вклучен во цената). Во непосредна близина на вилата има голем суперпаркет. Вила Elena е идеална за оние кои сакаат мирен и фамилијарен одмор, а сепак во непосредна близина на сите збиднувања и плажата.

    грција