Понуди
    Filters
    Пребарување

    Париз | Прага | Минхен 4НП - Нова Година

    €279,00

    ТЕРМИН 27 Декември

    1 ДЕН 27.12.2017 СКОПЈЕ-ВИЕНА Состанок на групата во 11.30ч на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виена во 12.00ч..Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград, Будимпешта. Ноќно возење.

    2 ДЕН 28.12.2017 ВИЕНА-ПРАГА Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св.Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта факултативна посета на пивница со традиционална вечера и шоу програма (со локален автобус). Ноќевање.

    3 ДЕН 29.12.2017 ПРАГА-ПАРИЗ Појадок. Претпладне, факултативно панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј. По разгледот, препопрачуваме крстарење по реката В’лтава.Слободно попладне. Поаѓање кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.

    4 ДЕН 30.12.2017 ПАРИЗ Во утринските часови пристигнување во Париз - најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља,Универзитетската четврт,Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот,Домот на Инвалидите, Елисејските полиња,Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне. Препорачуваме прошетка со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Ноќевање.

    5 ДЕН 31.12.2017 ПАРИЗ (ВЕРСАЈ-ЛУВР) Појадок. Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич : Кралскиот Париз. Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Веднаш потоа, посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј- Лувр. Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Ајде да се искачиме на Ајфелова кула, да крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Дочек на Нова Година на Елисејските полиња. Враќање во хотел . Ноќевање.

    6 ДЕН 01.01.2018 ПАРИЗ-ДИЗНИЛЕНД-МИНХЕН Појадок. Препорачуваме целодневен излет во имагинарниот свет на Дизни – Дизниленд. Прекрасна забава во 2 тематски паркoви. Секако дека може да се остане во Париз и да посетите некои од прочуените музеи и места: Домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, куќата на Балзак, музејот на Пикасо, да се искачите на триумфалната капија, да купувате во најпознатата стоковна куќа Галерија Лафает. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.

    7 ДЕН 02.01.02018 МИНХЕН Пристигнуваме во Минхен во утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Сместување во хотел. Слободно попладне… Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата Кралска пивница ХБ ( пиво и свински коленици). Ноќевање.

    8 ДЕН 03.01.2018 МИНХЕН-САЛЗБУРГ-СКОПЈЕ Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел : Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки.
    Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење низ Италија, Словенија, Хрватска, Србија.

    9 ДЕН 04.01.2018 СКОПЈЕ Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 25.11.2017: 279 € / 17.300 ден.
    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299 € / 18.540 ден.

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
    • Превоз со високотуристички автобус
    • 1 ноќевањe со појадок во хотел Олимпик 4* http://www.olympik.cz/ , во Прага 
    • 2 ноќевања со појадок  во хотел 3*, http://bit.ly/2koUBTi , во Париз
    • 1 ноќевања со појадок во  хотел 3*, хотел H2 Messe http://bit.ly/2zh6gfI, во Минхен 
    • Прошетка низ Виена
    • Прошетка низ Минхен
    • Прошетка низ Салзбург
    • Организација и водство на програмата
    • Организација на аранжманот
    • Лиценциран туристички придружник

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
    • Задолжително патничко осигурување 270 денари€
    • Разглед на Прага со локален водич 10 €
    • Крстарње по Влтава 15€
    • Посета на пивница со вечера и шоу програма 35€
    • Разглед на Париз со локален водич 15 €
    • Версај(превоз,влезница,лок водич) 45 €
    (задолжителна резервација при уплата)
    • Лувр(влезница) 20 €
    • Крстарење по Сена 15€
    • Срцето на Париз 10€
    • Дизниленд -цена за влезница + 20€ превоз
    • Билети за градски превоз, Прага, Париз, Минхен
    • Доплата за еднокреветна соба 6.200 ден

    НАПОМЕНИ:
    • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
    • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
    • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
    • Попустите не се комбинираат
    • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
    • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
    • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди место и час на поаѓање.

    НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 52б, Скопје Teл: 02/3 13 10 45 Моб: 071 380724
    e-mail: info@nehartravel.com.mk web: www.nehartravel.com.mk

    Ознаки за производ