Понуди
    Filters
    Пребарување

    Нова година

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Белград

    €59,00
    Најголемиот и главниот град на Србија - Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови.

    Букурешт

    €95,00
    Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но, со причина се нарекувал „Малиот Париз“, скриен во градината на Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“ со својот богат културен и ноќен живот. Главниот град на Романија е исполнет со мешавина од огромни историски градби, брутални комунистички блокови и модерни дизајни од 21от век.

    Будва

    €69,00
    Црна Гора и Будва постануваат популарни туристички дестинации во Европа во последните неколку години. Медитеранската обала, средновековниот дух и мирис на Јадранското море, се перфектни зборови со кои може да се опише овој мал град. Покрај возбудливиот ноќен живот и преубавите плажи, Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара. Сместена е на мало полуострово, заштитена со еден дел од црните Црногорски планини.

    Краков

    €135,00
    Град со посебна атмосфера и извонредно топли и гостопримливи луѓе, град за истражување, провод и прошетка во минатото. Измешаноста на минатото со сегашноста го прави Краков по се единствен и никогаш ист. Придружете ни се нас во новогодишните авантури и откријте го магичниот Краков.

    Софија

    €69,00
    Софија е главен град и најголем град во Бугарија, со население 1 286 383 лица, што претставува 16,4% од населението на Бугарија. Сместена е во централниот дел на Западна Бугарија, во Софиската котлина, и е опкружена со планини: Витоша на југ, Љулин на запад и Стара Планина на север. Софија го носи името на доцно античката катедрала на градот “Света Софија”, а бидејќи светата маченица Софија е мајка на Верата, Надежта и Љубовта, празникот на светиците е 17 септември, се слави како денот на Софија, а исто така се слави и 4 јануари, кога во 1878 година руските војници ослободуваат градот од турско владеење. Софија е прогласена за престолнина на 3 април 1879 година од страна на Уставотворното собрание, како стар бугарски град, оддалечен од турската граница и централно расположен во бугарските земји според тогашното разбирање. Мотото на Софија е ****Градот кој расте, но не старее****Да ја дочекаме оваа Нова Година заедно, во весела и дружељубива атмосфера

    Лутраки - 2НП Нова Година

    €95,00
    На 100 км од Солун во зелената шума на планината Ворас(Кајмакчалан) и реката Термопотамос (Топла река) се наоѓаат природните топли извори на Лутраки (Пожар – Аридеа).Лутраки е една од најпознатите терапевтски бањи во Грција со термална вода која извира од утробата на земјата и преставува вистинско чудо на природата. Овие природни извори се во можност да ви дадат многу позитивни емоции, релаксација и можат да ви користат многу за вашето здравје.Самите бањи (грч. Θερμες) односно природните извори имаат два базенти, од кои едниот е природен со свој водопад поделен во два дела со топла и ладна вода.Водата пага од повисоко со што ви нуди одлична масажа на вашето тело.Температурата на водата изнесува 38 степени. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања...

    Нова година

    Filter by:

    Clear All
    Min: €59,00 Max: €279,00
    59 279