Понуди
    Filters
    Пребарување

    Лето Грција 2020

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ВИЛА „НИКИТИ БЕЈ“ – НИКИТИ

    €89,00
    Никити Беј Апартмани е изградена 2014 год. a сите соби се со нов мебел од 2019год. Вилата е лоцирана во живописното приморско гратче Никити, бисерот на Ситонија, на 250м од плажа, во мирниот дел на градот. Од центарот е оддалечена 500м каде секој ќе најде бројни содржини за сечиј вкус продавнички, таверни и кафулиња. Објектот располага со 18 сместувачки единици – студија, распоредени на прв и втор кат од кои дел се трокреветни, а дел четворокреветни. Секое од студијата е опремено со мини кујна со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, ТВ, клима (бесплатно), Wi-Fi интернет (бесплатно) и голема дворна неорганизирана површина. За гостите кои патуваат со свое возило, вилата располага со свој приватен паркинг. Заради монденскиот карактер на самото гратче Никити, како и непосредната близина на некои од најубавите плажи на Халкидики, вилата е погоден избор како за фамилијарен одмор, така и за парови, млади и секаков тип на гости. Локација/ Кординати: 40.222406, 23.660917

    "ТОРОНИ АПАРТМЕНТС" - Торони

    €69,00
    Вила Торони Апартментс е постар објект лоциран на сама плажа во Торони, место познато по прекрасната долга и широка песочна плажа, наградена со сино знаеменце заради својот квалитет и чистота. Вилата располага со убаво уреден двор, сопствен паркинг и скара. Во својот состав брои 12 сместувачки единици, студија за самопослужување од кои 6 се на прв кат, а 6 се на втор. Секое од студијата е опремено со одвоена кујна со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, ТВ (рамен екран), клима (бесплатно), Wi-Fi интернет (бесплатно), брачен кревет и единечен кревет, во некој од студијата има можност за допoлнителен кревет на расклопување. Структурата на студијата е 8 соби со директен поглед кон море (STD SV), 2 со страничен поглед кон море (STD SSV) и 2 студија се без балкон (STD ECO). Забелешки: студијата се постари, опремени во традиционален грчки стил како и повеќето вили од пониска категоризација во Грција, предност е нејзината локацијата, поставена на сама плажа. Вебстрана: https://www.toroniapartments.gr/ Booking.com: TORONI APARTMENTS

    Вила „МАГДА “ – Полихроно

    €99,00
    Вила Магда. Модерно опремените апартмани се лоцирани во непосредна близина на плажата во Полихроно, на околу 200м оддалеченост. Вилата располага со 4 апартмани распоредени на високо приземје и прв кат. Апартманите се со 2 одвоени соби, во едната има брачен кревет, а во другата соба има софа на извлекување за максимум 2 лица, мини кујна опремена со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, ТВ, клима (бесплатно) и Wi-Fi интернет (бесплатно). Паркирање на возилата е овозможено на самата улица пред влезот на вилата. На 50м од вилата има маркет, а централниот дел на Полихроно со бројни содржини е на 300м оддалеченост. Локација/ Кординати: 40.014652, 23.530243

    ВИЛА „DIMITRA“ – Никити

    €49,00
    НИКИТИ туристичкото место на западната страна на вториот крак на Халкидики-Ситонија. Плажата на Никити е во залив и гледа према првиот крак.Идеално место за туристи кои сакаат убава плажа, чисто море ,долги прошетки покрај плажа со многу ресторани, сувенирници ,детски забавни паркови и разновиден културно-забавен живот. Во непосредна близина се наоѓаат супермаркетите Лидл и Масутис. ВИЛА “DIMITRA” Е ИДЕАЛНА ЗА ОДМОР СО ПРОСТРАН ДВОР СО ТРЕВА, ЦВЕЌИЊА И ПАЛМИ, СКАРА НА ЖАР, ЛУЛАШКИ ЗА ДЕЦА. ВИЛА “DIMITRA” Е ОДДАЛЕЧЕНА НА 250 МЕТРИ ОД ПЛАЖА. ВИЛА “DIMITRA” РАСПОЛАГА СО ТРОКРЕВЕТНИ АПАРТМАНИ ВО КОИ ИМА МОЖНОСТ И ЗА ДОПОЛНИТЕЛЕН КРЕВЕТ.

    ВИЛА „Михалис“ – Неа Флогита

    €49,00
    НЕА ФЛОГИТА, туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики. Се издвојува со нај долгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе Ви ги исполнат деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење ве пресретнува градот Неа Мудања, еден од најголемите градови во областа Халкидики. Вилата Михалис комплетно реновирана е лоцирана на само 50 метри од прекрасната песочна плажа во Неа Флогита. Вилата располага со апартмани и дуплекси. Дуплексите се лоцирани на приземје и имаат сопствено дворче, додека апартманите се на први и втори кат и имаат тераси. Секоја соба е опремена со кујна, купатило со вц, клима уред и тв.

    ВИЛА „ГАЛИНИ “ – Калитеа

    €52,00
    Вилата ГАЛИНИ се наоѓа на сама плажа во Калитеа. Располага со сопствена плажа, лежалки и чадор за секоја соба. Идеална локација за вистински одмор со опуштање од звукот и бојата на морето. Сите соби се со поглед на море. Вилата располага со безжичен интернет со брзина вообичаена за грчките конекции. Вилата се состои од два блока, првиот блок „Б” е со трокреветни студиа, вториот блок „А“ е со двокреветни студија. Секоја соба има мини вц со туш и мини кујна, решо, кујнски инвентар, фрижидер, тв и тераси. Собите немаат клима уред! Вилата е со скромен квалитет идеална за луѓе кои сакаат мирен одмор и сместување на сама плажа. Истата е од “Ц„ категорија.