Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Халкидики - Касандра

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ВИЛА „VRAHOS “ – АФИТОС

    €80,00
    Вила Врахос се наоѓа на една од најдобрите локации со инзвореден поглед на плажата и морето на Афитос. Истата е лоцирана на пешачката улица каде има голем број на таверни. Вилата е одалечена на 5-7 мин. од плажа. Вила Врахос располага со 1/2 и 1/3 студиа и 1/3, 1/4 и 1/5 дуплекс апартмани. Собите се наоѓаат на приземје и прв спрат, а дел од собите се и реновирани. Студиата и апартманите на прв спрат имаат прекрасен директен поглед према море. Во сите соби има комплетено опремена кујна за онолку лица колку што има кревети во собата, тоалет, тераси и TV.

    ВИЛА „КОSTAS'' – НЕА ПОТИДЕА

    €21,00
    ВИЛАТА “KOSTAS” СЕ НАОЃА ВО НЕА ПОТИДЕА НА САМA ПЛАЖА (ПРВ РЕД) НЕА ПОТИДЕА E ПРВОТО ЛЕТУВАЛИШТЕ НА ПРВИОТ КРАК – КАСАНДРА ВО ОБЛАСТА ХАЛКИДИКИ. ВИЛАТА KOSTAS ИЗЛЕГУВА НА НАЈУБАВИОТ ДЕЛ ОД ПЛАЖАТА ВО НЕА ПОТИДЕА. НЕА ПОТИДЕА ИМА НАЈШИРОКА ПЛАЖА И НАЈЧИСТО МОРЕ ОБЕЛЕЖАНО СО СИНО ЗНАМЕ ЗА ЧИСТОТАТА НА ВОДАТА. ИДЕАЛНО МЕСТО ЗА ОДМОР, ПЛИВАЊЕ, ДЕТСКИ ЗАНИМЛИВОСТИ И РЕКРЕАТИВНО-ЗАБАВНИ СОДРЖИНИ. СВЕЖАТА НАЈВКУСНА И РАЗНОЛИЧНА МОРСКА ХРАНА СЕ ИДЕАЛНИОТ ИЗБОР ЗА РУЧЕК ИЛИ ВЕЧЕРА НЕ САМО ЗА ТУРИСТИТЕ ТУКУ И ЗА ЛОКАЛНИТЕ ЖИТЕЛИ. ГОЛЕМ БРОЈ НА ТАВЕРНИ И РЕСТОРАНИ СЕ ЛОЦИРАНИ НА ШЕТАЛИШТЕТО ПРЕПОЗНАТЛИВИ ПО ВКУСОТ И ТРАДИЦИЈАТА ПОВИКУВАЈЌИ ВЕ ЗА ПОВТОРНО ДОАЃАЊЕ.

    ВИЛА „МIHALIS“ – НЕА ФЛОГИТА

    €28,00
    НЕА ФЛОГИТА, туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики. Се издвојува со нај долгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе Ви ги исполнат деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење ве пресретнува градот Неа Мудања, еден од најголемите градови во областа Халкидики. Вилата Михалис комплетно реновирана е лоцирана на само 50 метри од прекрасната песочна плажа во Неа Флогита. Вилата располага со апартмани и дуплекси. Дуплексите се лоцирани на приземје и имаат сопствено дворче, додека апартманите се на први и втори кат и имаат тераси. Секоја соба е опремена со кујна, купатило со вц, клима уред и тв.

    Hotel " Potidea Golden Beach" Nea Potidea

    €179,00
    Локација: Грција / Халкидики / Касандра / Неа Потидеа Hotel - Nea Moudania, 9,2 km | Hotel - Nea Fokea 11,5 km | Hotel - Afytos 16,6 km | Hotel - Kalithea 19,5 km Плажа:на неполни 2 минути пешачење, песочна плажа. Услуга: ALL INCLUSIVE (појадок, ручек, ужина,вечера+безалкохолни пијалоци (кафе, чај, сок...) Интернет: Доплата на рецепција Сместување: сите соби се опремени со соодветен број на редовни и дополнителни легла, телевизор, фрижидер, фен за коса, купатило со туш, балкон, клима (со доплата), можност за бебешко креветче (baby cot) - на барање, бесплатно. Чистење на собите: 6 пати неделно; Промена на крпи и постелнина: 3 пати неделно; Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата е во согласност со бројот на легла во истата. Хотелски содржини: Во склоп на хотелот има: лоби бар, основен ресторан каде што се служи: појадок, ручек, ужина и вечера; Базен и бар на базен, опремени со лежалки, чадори и простор за релаксирање. All Inclusive Concept: Ресторан: Појадок од 07:30 до 09:30 Ручек од 13:00 до 14:30 чај, кафе, ужина од 15:30 до 17:00 Вечера од 19:00 до 21:00 Со појадокот се служи сок од апарат, вода и кафе За ручек, вечера и на базен се служат следниве пијалоци: Точено пиво Узо Бренди Црвено вино Бело вино Рецина (ароматизирано грчко вино) Кока Кола Спрајт Фанта Газирана вода Филтер Кафе Важна напомена: При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот / барот на плажа. Истите се достапни и можат да се купат во барот на плажата. Хотелски содржини и услуги Рецепција 24/7 Активности во близина на хотелот Надворешен базен Оброци Појадок (швед. маса) Ручек (швед. маса) Вечера (швед. маса) сите соби се опремени со Балкон ТВ Фен Бања со туш кабина локација X Координати: 40.191037 Y координати: 23.334988