Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Халкидики - Касандра

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ВИЛА „ ФУЛИС ”- ПОЛИХРОНО

    €75,00
    Вила ФУЛИС се наоѓа на влаезот во Полихроно, во мирен дел, оддалечена околу 50м од плажа. Вилата располага со трикреветни апартмани со дополнително легло, и четирикреветни апартмани. Трикреветните апартмани се наоѓаат на ниско приземје и спрат, а четирикреветните апартмани се само на ниско приземје. Сите апартмани се опремени со мини кујна, сопствен тоалет, ТВ и клима (вклучена во цена). Апартманите на спрат имаат страничен поглед на море од балкон. АПАРТМАНИТЕ НА НИСКО ПРИЗЕМЈЕ НЕМААТ КЛИМА. 1/3+1 апп се состои од спална соба со еден дупли кревет и еден единечен, посебно кујна со дополнително легло - софа, која може да се користи за дете до 12год. Макс. капацитет е 3 возрасни и едно дете до 12год. 1/4 апп се состои од спална со три поединечни кревети (или еден дупли и еден единечен кревет), и посебно кујна со еден стандарден кревет. Макс. капацитет е 4 возрасни и едно дете до 4год во кревет со родител. Вила ФУЛИС е од Б-категорија.

    ВИЛА „АТЛАНТИК“ – КАЛИТЕА

    €65,00
    Вила Атлантик се наоѓа во строгиот центар на шеталиштето. Комплетно реновирана и на 5 мин од плажа.
    Опис на студијата: 1/3 студио – со три поединечни кревети, во склоп на собата е кујната-комплетно опремена, клима уред, ТВ и купатило со вц. Студиото на 1кат е со терасата е со поглед кон шеталиште. Студиото на 2кат е со тераса со поглед на градина.

    ВИЛА „ГАЛИНИ “ – КАЛИТЕА

    €65,00
    Вилата ГАЛИНИ се наоѓа на сама плажа во Калитеа. Располага со сопствена плажа, лежалки и чадор за секоја соба. Идеална локација за вистински одмор со опуштање од звукот и бојата на морето. Сите соби се со поглед на море. Вилата располага со безжичен интернет со брзина вообичаена за грчките конекции. Вилата се состои од два блока, првиот блок „Б” е со трокреветни студиа, вториот блок „А“ е со двокреветни студија. Секоја соба има мини вц со туш и мини кујна, решо, кујнски инвентар, фрижидер, тв и тераси. Собите немаат клима уред! Вилата е со скромен квалитет идеална за луѓе кои сакаат мирен одмор и сместување на сама плажа. Истата е од “Ц„ категорија.

    ВИЛА „МУСТАКАС” – ПОЛИХРОНО

    €85,00
    Вила МУСТАКАС се наоѓа во Полихроно, оддалечена околу 30м од плажа. Вилата располага со трикреветни студија. Студијата се наоѓаат на приземје, прв и втор спрат. Сите студија се опремени со мини кујна, сопствен тоалет, ТВ и клима (вклучена во цена). Вилата е Б категорија. Максимален капацитет во студио е 3 возрасни лица.

    ВИЛА „ОСКАР“ – КАЛИТЕА

    €65,00
    Вила ОСКАР се наоѓа во централниот дел на Калитеа, на околу 600метри одалеченост од плажа. Располагасо двокревети, трокреветни и четворокреветни студија. Сите студија имаат балкон, комплет опремена кујна со фрижидер, бања, ТВ, клима (со допла 5евра на ден) и Wi-Fi.
    ОПИС НА СТУДИЈАТА: 1/2 студио – два единечни кревети со максимум капацитет 2особи 1/2+1 студио – брачен кревет или пак два единечни и фотеља на расклопување со максимум капаците 2возрасни и 1дете 1/2+2 студио – брачен креветс со кревети на кат или брачен кревет, фотеља на расклопување и софа со максимум капаците 2возрасни и 2деца

    ВИЛА „ПАРТЕНИС” – ПЕФКОХОРИ

    €75,00
    Вила ПАРТЕНИС се наоѓа на 120 метри од плажа во мирниот дел на Пефкохори во близина на двата големи супермаркети. Комплексот располага со убаво уреден двор со скара. Сместувањето е во четворокреветни апартмани сместени на приземје и први кат.Секој апартман има балкон, комплет опремена кујна со фрижидер, бања, ТВ, клима (се доплаќа 5евра на ден) и Wi-Fi.
    1/4 апартман на приземје со балкон, две соби - спална со два кревети и соба-кујна со два кревети. 1/3+1 апартман на 1 и 2кат со балкон, две соби - спална со три кревети и соба-кујна со софа.

    ВИЛА „ТАЛАСА” – ПЕФКОХОРИ

    €85,00
    Вила ТАЛАСА се наоѓа на 40 метри од плажа. Располагасо трикреветни студија со балкон, комплет опремена кујна, бања, ТВ и клима (се доплака 5евра на ден) и Wi-Fi.
    Опис на студијата:
    Опис на студијата: 1/3 студио на ниско приземје со заграден дел како балкон, една просторија со дупли и единечен кревет или 3 поединечни кревете и мини кујна. 1/3 студио на 1 кат, една просторија со дупли и единечен кревет и мини кујна и балкон.

    ВИЛА „ХРИСТОС” – ПОЛИХРОНО

    €70,00
    Вила ХРИСТОС – се наоѓа на 300 метри од плажа во мирно опкружување. Вилата располага со 1/3апартмани и 1/4дуплекс апартмани, сите се со балкон, комплет опремена кујна, бања, ТВ, Wi-Fi и клима (вклучена во цена)
    Опис на апартманите: 1/3 апартман – лоцирани на 1 и 2 кат, две простории, спална со 3 поединечни кревети и кујна со трпезарија од каде се излегува на балкон. 1/4 дуплекс апартман – лицирани на 1 и 2 кат, три простории, две спални со по два поединечни кревети, од едната спална се излегува на балкон, и кујна со трпезарија и кревет на извлекување од каде исто така се излегува на балкон.

    Hotel "Polychrono Beach Hotel"- Polihrono

    €89,00
    Локација: Грција / Халкидики / Касандра / Полихроно Плажа: Хотелот е на сама плажа. Песочна со ситни каменчиња Услуга: Ноќевање со појадок Интернет: Бесплатно wi-fi на рецепција, бар и плажа Сместување: Хотелот располага со соби на приземје, прв и втор кат. Сите соби се опремени со клима уред (со доплата), сателитска ТВ, телефон, мал фрижидер / мини бар, купатило со туш, балкон. Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата е во согласност со бројот на легла во истата. Хотелски содржини: Хотелот се простира на самата, урбано уредена со лежалки, чадори за сонце. Има сопствен ресторан во кој се служи појадокот. Уживајте во освежителни пијалоци, кафе или мала ужина во барот кој е на рецепција или надворешниот бар на хотелот - на тераса со прекрасен поглед на заливот Торонеос. Хотелот е лоциран на шеталиштето во Полихроно и е во близина на различни таверни, кафулиња и продавници. Гостите можат да го користат јавниот простор за паркирање во близина. Важна напомена: При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот / барот на плажа. Истите се достапни и можат да се купат во барот на плажата. Лежалките се достапни со купен пијалок од барот на плажа. Барот Ви нуди можност да направите и целодневна резервација за лежалки и истата е со доплата. опис на објектот Паркинг Клима уред (со доплата) далечина од Далечина од центарот: 350 m Плажа: 0 m Хотелски содржини и услуги Лоби бар Собна услуга Wi-fi бесплатно (јавни места) Бар Активности во близина на хотелот Ресторанти Оброци Појадок (швед. маса) сите соби се опремени со Телефон Сателитска ТВ Бања/Тоалет Балкон или Тераса Бања со туш кабина Wi-fi (со доплата) Мал фрижидер локација X Координати: 40.0169083 Y координати: 23.5324946