Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Лето Грција 2018

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ВИЛА ГРЕЈ - ПОЛИХРОНО

    €75,00
    Вила Греј се наоѓа во централниот дел на Полихроно, одалечена околу 90метри од плажа. Располага со четворокреветен апартман и петокреветен дуплекс апартман. Апартманите се наоѓаат на високо приземје и имаат по едно паркинг место. Опремени се со мини кујна со инветар и голем фризижидер, бања, балкон, ТВ, WiFi и клима (вклучена во цена за јули и август), во периодот мај / јуни / септември се доплаќа 5 евра на ден. Четворокреветен апартман – две просотиории, спална со два кревети и кујна со кревет на развлекување. Дуплекс апартманот – три простории, кујна, спална со два единечни кревети и кревет на извлекување, спална со брачен кревет. Сместувањето е од Б-категорија.

    Вила ПАНОС СТУДИОС, Вила ХАРМОНИ ГАРДЕН, Вила “НИКОС“

    €109,00
    На само 400км оддалеченост по копнен пат и 3часа со траект се стигнува до прекрасниот кристално чист остров – Скијатос. Припаѓа во групата на Северни Споради, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Островот – Скиатос има површина од 50 км2 и преку 50 плажи со резлична тематика. Плажи со деноноќни забави- Бананарама, плажи за ормор и релаксација-Агиа Елени, Мистик, диви плажи на северниот дел од островот-Мандраки... Градот Скиатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици, кафетерии и дискотеки, како и туристи од цела Европа, ќе ве опушти и ќе ги задоволи сите ваши потреби.

    ВИЛА ХОТЕЛ „MISTRAL“ – КАЛИТЕА

    €80,00
    Вила хотел Мистрал се наоѓа во мирниот дел на Калитеа на 5-7 мин. од плажа, во непосредна близина на вила Магдалини. Вилата располага со 1/2+1 студиа со комплетно опремена кујна, купатило, клима уред (вклучен во цената), и сат. ТВ. Во дворот има базен и лежалки, а WiFi пристапот е овозможен на базен и рецепција. На 50-ина метри се наоѓа голем јавен паркинг, каде и во висока сезона може да се најде бесплатно паркинг место. Вилата е идеална за оние кои покрај плажа и море, сакаат слободното време да го поминат покрај во базенот во пријатна атмосфера, а сепак блиску до центарот и сите збиднувања.

    ИНФОРМАЦИИ ЗА ОСТРОВОТ

    €0,00
    Локација: 300м од плажа
    Опременост на соби: клима, WC бања ,TV сателитска, балкон
    Хотелски содржини: ресторан, бар, базен, џакузи, фитнес центар, билијард, игрoтека, Wi – Fi

    СПЕЦИЈАЛНА ПРОМОЦИЈА - ВРАХОС СЕПТЕМВРИ

    €59,00
    ВРАХОС БИЧ- се наоѓа на 600 км од Скопје, веднаш по Парга (околу 30км). Сместен на преубава, околу два километри долга плажа, ви овозможува прекрасен одмор на тиркизното Јонско море. Изобилува со кафанчиња, таверни, и рибни ресторани сместени по убавото шеталиште покрај море. Врахос секако ќе ви понуди преубав одмор во едно мало, мирно место богато со борова шума имаслинови дрв

    СПЕЦИЈАЛНА ПРОМОЦИЈА - ПАРГА СЕПТЕМВРИ

    €69,00
    ПАРГА – градче кое се наоѓа во приморскиот дел на Епир, на Јонско море, 60 километри од Јанина и 540 километри одалечено од Скопје. Денес Парга е најпознатото летувалиште во таа област. Интересно за Парга е дека влече корени од античко време, а големи влијанија имаат и западната цивилизација и култура. Жителите се пријатни, во нивниот дух ќе го осетите големото вилајнието на венецијанска култура, британската прецизност и турската гостопримливост. Денес Парга е комплетно летувалиште каде секој ќе пронајде по нешто за себе: две градски плажи, долгото шеталиште покрај море, плажата Валтос- одалечена околу 20 мин. пешачење, плажата Лихнос, старата градска тврдина која датира од 14 век, голем избор на еднодневни излети до островите Крф, Паксос, Антипаксос, Лефкада...

    ХОТЕЛ „JENNY“ – СИВИРИ

    €160,00
    Хотелот Џени е лоциран на 150 м. од прекрасната песочна плажа во центарот на Сивири. Хотелот располага со 37 соби: 1/2 со брачен кревет, 1/3 со 1 брачен кревет и 1 нормално легло и 1/4 со еден брачен кревет и две нормални легла. Собите се опремени со клима уред (вклучен во цената), сат. ТВ и сопствена бања. Собите имаат прекрасен поглед кон плажата и морето. Хотелот располага со базен и лежалки кои се бесплатни за користење од гостите, а исто така има и бар покрај базенот. WiFi интернет – вклучен во цена.

    Hotel "Polychrono Beach Hotel"- Polihrono

    €90,00
    Локација: Грција / Халкидики / Касандра / Полихроно Плажа: Хотелот е на сама плажа. Песочна со ситни каменчиња Услуга: Ноќевање со појадок Интернет: Бесплатно wi-fi на рецепција, бар и плажа Сместување: Хотелот располага со соби на приземје, прв и втор кат. Сите соби се опремени со клима уред (со доплата), сателитска ТВ, телефон, мал фрижидер / мини бар, купатило со туш, балкон. Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата е во согласност со бројот на легла во истата. Хотелски содржини: Хотелот се простира на самата, урбано уредена со лежалки, чадори за сонце. Има сопствен ресторан во кој се служи појадокот. Уживајте во освежителни пијалоци, кафе или мала ужина во барот кој е на рецепција или надворешниот бар на хотелот - на тераса со прекрасен поглед на заливот Торонеос. Хотелот е лоциран на шеталиштето во Полихроно и е во близина на различни таверни, кафулиња и продавници. Гостите можат да го користат јавниот простор за паркирање во близина. Важна напомена: При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот / барот на плажа. Истите се достапни и можат да се купат во барот на плажата. Лежалките се достапни со купен пијалок од барот на плажа. Барот Ви нуди можност да направите и целодневна резервација за лежалки и истата е со доплата. опис на објектот Паркинг Клима уред (со доплата) далечина од Далечина од центарот: 350 m Плажа: 0 m Хотелски содржини и услуги Лоби бар Собна услуга Wi-fi бесплатно (јавни места) Бар Активности во близина на хотелот Ресторанти Оброци Појадок (швед. маса) сите соби се опремени со Телефон Сателитска ТВ Бања/Тоалет Балкон или Тераса Бања со туш кабина Wi-fi (со доплата) Мал фрижидер локација X Координати: 40.0169083 Y координати: 23.5324946

    Hotel „Maya Bay” Kalithea

    €125,00
    Локација: Грција / Халкидики / Касандра / Калитеа Хотелот има одлична локација, земајќи го во предвид фактот дека се наоѓа во близина на центарот на Калитеа, која истовремено нуди прекрасен поглед на Заливот Торонеос. Во близина на хотелот се наоѓаат најпознатите ноќни клубови од овој регион, кои нудат разновидна програма. Плажа: неполни 5 минути од песочна плажа. Услуга: Ноќевање со појадок (шведска маса). Можност за доплата за вечера (дирекно во хотел) - на барање Интернет: Бесплатно на бар / базен Сместување: Стандардна Двокреветна соба - Double Standard Room Двокреветни стандардни соби имаат страничен поглед на море *Вид на дополнително легло: кауч на пуштање, може да се сместат 2 деца до 11,99 години или 1 возрасен. Сите соби се опремени со ТВ, мини бар, клима уред, телефон, фен за коса, LCD телефизор, сеф, софа (дополнително легло), балкон, купатило со туш Хотелски содржини: Надворешен базен (бесплатно), бар покрај базен, рецепција 24/7, игротека за деца, room service (со доплата), перална (со доплата) За деца: Во склоп на хотелот има игортека за нашите најмали пријатели! Важна напомена: При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот / барот на плажа. Истите се достапни и можат да се купат во барот на плажата. Информации за објектот Далечина од морето: 350 m опис на објектот Паркинг Хотелски содржини и услуги Надворешен базен (бесплатно) Собна услуга Перална Рецепција 24/7 Wi-fi бесплатно (јавни места) Игралиште за деца Бар покрај базен Активности во близина на хотелот Дискотека Ресторанти Оброци Појадок (швед. маса) Доплата за вечера (дирекно во хотел) - на барање сите соби се опремени со Балкон ТВ Телефон Сеф Мини Бар Фен Бања/Тоалет Клима Уред LCD телевизор со сателитски канали Бебешко креветче Када/Туш Кабина Софа (дополнително легло) локација X Координати: 40.072341 Y координати: 23.449572