Понуди
    Filters
    Пребарување

    Чинкве Тере - Фиренца 3НП - Нова Година

    €199,00
    Посетете ги најубавите градови на романтичната Тоскана... Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза… прошетајте ја бајката наречена Чинкветере... Фиренца - ренесансен дијамант во срцето на Италија. Најпопозната е по својата катедрала, Дуомо, нејзината купола и банкарското семејство Медичи. Но малку луѓе знаат дека истата таа катедрала е меѓу најдолгите цркви во Европа, дека Фиренца уште во средината на 14 век станала прв град на светот со поплочени улици и дека кратко време била и престолнина на Кралството Италија... Сиена – еден од најубавите и највпечатливи градови на Тоскана, опкружен со винови насади од кои се прави светски познатото вино Кјанти... познат по својот уникатен плоштад Piazza del Campo, кој како копнена школка со црвени бисери, од 12от век па се до денес останува неизменет и доминира со градот. Сиена е позната и по коњската трка Палио, една од најтешките и најопасни трки со коњи во светот. Додека шетате по улиците на Сиена ќе имате чувство дека сте заталкале во некое друго време... Сан Џимињано – романтично средновековно утврдено градче сместено на брдата на Тоскана... славно по својата уникатна средновековна архитектура и по своите кули, кои се гледаат на километри далечина... Чинкветере – во превод пет земји, пет бајковити села Варнаца, Монтеросо, Манарола, Корнилија и Риомаѓоре... Во текот на вековите, на овие стрмни и нерамни брда се до карпите кои излегуваат директно на море, староседелците внимателно ги граделе шарените куќи како од детските фантазии... Магијата на Чинкветере е неповторлива...

     Термин 29 Декември

    1 ден - 29.12.2017 - СКОПЈЕ – Монтекатини

    Состанок на групата во 12:30 на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Во 13:00. Поаѓање за Фиренца, Италија. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

    2 ден - 30.12.2017 - Монтекатини – Пиза – Монтекатини

    Пристигнување во пладеневните часои во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови организирана посета на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO,  Крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

    3 ден - 31.12.2017 – МонтекатиниСиена- Сан Џимињано-Фиренца - Монтекатини

    Појадок. После појадокот заминување на полудневен факултативен излет со локален водич во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni  и плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio...Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во Сан Џимињанотипично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignano dala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIII и XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Во договорено време поаѓање за ФИРЕНЦА, за дочек на НОВА ГОДИНА 2017. Секој плоштад со своја новогодишна бајка. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

    4 ден - 01.01.2018 - Монтекатини – Cinque Terre Монтекатини

    Појадок. После појадокот заминување на целодневна факултативна екскурзија до едни до најпознатите и најживописни селца на Италијанската ривиера. Пристигнување во градот La Speziaод каде излетот продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO.Cinque Terre претставува една од најголемите туристички дестинации во Италија. Враќање во La Spezia и поаѓање за Монтекатини. Враќање во хотел. Ноќевање.

    5 ден - 02.01.2018 – Монтекатини - Фиренца – Скопје

    Појадок. Во раните утрински часови напуштање на хотелот и заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити... Во договорено време поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

    6 ден - 03.01.2018 - Скопје

    Пристигнување во Скопје во доцните попладневни/вечерните часови .

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  ЗА УПЛАТА ДО 25.11.20167: 199 /12.340 ден

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209€/ 12.960 ден

    ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

    • Превоз со високотуристички автобусна дадената релација
    • Сместување во хотел со 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во Монтекатини
    • Организиран разглед на Фиренца со локален водич
    • Организиран разглед на Пиза
    • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето

    ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    • Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, карта за воз) - 45€
    • Посета на Сиена и Сан Џемињано (трансфер, локален водич) - 40€
    • Туристичка такса во хотел во Монтекатини (се плаќа на рецепција)
    • Патничко здравствено осигурување – 180 ден
    • Индивидуални трошоци

    НАПОМЕНИ:

    •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
    •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
    •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
    •  Попустите не се комбинираат
    •  Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
    •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
    • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање.

    НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 52б, Скопје Teл: 02/3 13 10 45  Моб: 071 380724     e-mail: info@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk

    Ознаки за производ