Понуди
    Filters
    Пребарување

    Будимпешта 3НП - Нова Година

    €159,00
    Будимпешта - Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи... Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.

    Термин: 29 Декември

    1 ден   29.12.2017 СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА  

    Состанок  на групата пред  спортската сала Борис Трајковски во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

    2 ден  30.12.2017  БУДИМПЕШТА

     Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамскоразгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

    3 ден  31.12.2017 БУДИМПЕШТА – ВИЕНА

    Појадок.Препорачуваме факултативна посета на Виена, со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Дочек на Нова Година на централниот плоштад. Враќање во хотел. Ноќевање.

    4 ден 01.01.2018 БУДИМПЕШТА  - БРАТИСЛАВА

     Појадок. По појадокот одиме на факултативна посета на Братислава. Разглед на градот со локален водич: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Слободно време за индивидуалниактивности,ручек, прошетки. Во договорено време враќање во Будимпешта. Вечерта, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Враќање во хотел. Ноќевање

    5 ден   02.01.2018 БУДИМПЕШТА  - СЕНТ АНДРЕА

    Појадок. Одјавување од хотелот. Одиме на факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно попладне за индивидуални прошетки низ Будимпешта. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Се патува преку Србија со попатни паузи за одмор.

    6 ден  03.01.2018СКОПЈЕ 

     Пристигнување во Скопје во утринските  часови.

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 25.11.2017: 159€/ 9.860 ден.

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  169€/ 10.480 ден.

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

    • Превоз со високотуристички автобус
    • 3 ноќевања со појадок во хотел  3*Гриф (Пешта) http://griffhotel.hu/hu/
    • Организација и водство на програмата
    • Лиценциран туристички придружник
    • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

    * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

    • Задолжително патничко осигурување  190 денари
    • Крстарење по Дунав  (15€)
    • Посета на Сент Андреа  (10€)
    • Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF (35€)
    • Посета на Братислава (25€)
    • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
    • Доплата за еднокреветна соба  4.650 денари
    • Разглед на Будимпешта со локален водич  (10€)

    НАПОМЕНИ:

    •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
    • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
    • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
    • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
    • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
    • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
    • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

     НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 52б, Скопје Teл: 02/3 13 10 45  Моб: 071 380724  e-mail: info@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk

    Ознаки за производ