Понуди
    Filters
    Пребарување

    Атина 2НП - 8-ми Декември

    €99,00
    АТИНА – град посветен на божицата Атина по која и го добил името а која со векови била негова заштитничка. Оваа, денес повеќемилионска метропола, оо своето постоење доживеала подеми и падови како малку кој мегаполис во светот. За историјата на човештвото е посебно значајна затоа што во неа се поставени основите на парламентарната демократија и слободните избори. Модерна Атина е космополитски град кој што живее од славата на својата историја а старогрчката Атина била моќна држава и познат образовно филозофски центар. Ја нарекуваат и колевка на западната цивилизација, заради нејзиниот културен придонес во текот на 4ти и 5ти век...и денес во Атина постојат антички градби и уметнички дела од тој период, а секако најпознат е Акропол, признаен како еден од најдобрите примери на класичната грчка архитектура и уметност. Древна Атина владеела со светот и покажала како треба да се разберат цивилизациите, уметноста, културат, науката... Нејзината Академија ги дала најдобрите филозофи на Антиката, чии мисли и денес се цитираат и чии дела и денес се читаат... Нејзините уметници Фидије и Поликлет, и денес се слават како великани на скулптурата и уметноста... Политичката Атинска школа и денес е активна, исто како и името на Перикле, творецот на демократијата и владетел во периодот на Златното доба...

    Термин: 07 Декември 

    1 ДЕН  07.12.2017 СКОПЈЕ –АТИНА

     Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

    2 ДЕН  08.12.2017 АТИНА

    Пристигнување во Атина во утринските часови. Предлагаме панорамски разглед на градот со локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол... (факултативно). Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

    3 ДЕН  09.12.2017  АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ

    Појадок. Целодневен излет на Пелопонез(факултативно). Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион - Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Во вечерните часови предлагаме вечера во таверна. Враќање во хотел. Ноќевање.

    4 ДЕН  10.12.2017 АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-СКОПЈЕ

    Појадок. Ве водиме на полудневен излет(факултативно) со посета на пристанишното место  Пиреја и нејзините марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон .По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

    05 ДЕН 11.12.2017  СКОПЈЕ

    Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

    ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 25 НОЕМВРИ:99 / 6.140 ден

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 / 6.760 ден

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

    • Автобуски превоз на наведената релација
    • Сместување на база  2 НП во хотел 3*
    • Организација на аранжманот и пратител на групата 

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

    • Задолжително патничко осигурување 160 ден
    • Разглед на Атина со локален водич (10 €)
    • Факултативна посета на Пелопонез (30 €)
    • Посета на Пирејa и Сунион (10 €)
    • Вечера во Таверна (35€)
    • Влезници за локалитетите и други факултативни посети
    • Доплата за еднокреветна соба 3.000 ден

    НАПОМЕНИ:

    • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
    • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
    • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
    • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
    • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.
    • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди  време и место  на поаѓање.

     НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 52б, Скопје

    Teл: 02/3 13 10 45  Моб: 071 380724

     e-mail: info@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk