Понуди
    Filters
    Пребарување

    Калитеа

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ВИЛА „ELIZABETH“ – КАЛИТЕА

    €75,00
    Вила хотел Елизабет се наоѓа во центарот на Калитеа на самата пешачка зона опкружена со продавници и ресторани, одалечена на само 250м. од плажа. Во нашата понуда имаме 1/2, 1/3 и 1/4 студиа со комплетно опремена кујна, клима уред, ТВ, купатило и тераси на прв спрат. 1/2 и 1/3 студиата се со 2, односно 3 единечни кревети, додека 1/4 студиото е со 2 брачни кревети. Во вилата има 24 ч. рецепција и WiFi интерннет – бесплатно.

    ВИЛА „MAGDALINI“ – КАЛИТЕА

    €80,00
    Вилата се наоѓа во центарот на Калитеа и на околу 5-7 минути од плажа. Опкружена е со прекрасен двор со тревна површина и градина. Располага со 1/2+2 апартмани на прв кат со четири кревети, брачен кревет во спална и два во кујна. Сите апартмани се комфорни со комплетно опремени кујни, сопствена бања, ТВ, и клима уред (доплата 3€ на ден). Терасите на сите студиа се со поглед на градина. Во градината има можност да се користат скарите. Вила Магдалини е дел од понудата на Нехар Травел веќе неколку години по ред.

    ВИЛА „АТЛАНТИК“ – КАЛИТЕА

    €49,00
    Вила Атлантик се наоѓа во строгиот центар на шеталиштето. Комплетно реновирана и на 5 мин од плажа.
    Опис на студијата: 1/3 студио – со три поединечни кревети, во склоп на собата е кујната-комплетно опремена, клима уред, ТВ и купатило со вц. Студиото на 1кат е со терасата е со поглед кон шеталиште. Студиото на 2кат е со тераса со поглед на градина.

    ВИЛА „ОСКАР“ – КАЛИТЕА

    €65,00
    Вила ОСКАР се наоѓа во централниот дел на Калитеа, на околу 700метри одалеченост од плажа. Располагасо двокревети, трокреветни и четворокреветни студија. Сите студија имаат балкон, комплет опремена кујна со фрижидер, бања, ТВ, клима (со допла 5евра на ден) и Wi-Fi.
    ОПИС НА СТУДИЈАТА: 1/2 студио – два единечни кревети со максимум капацитет 2особи 1/2+1 студио – брачен кревет или пак два единечни и фотеља на расклопување со максимум капаците 2возрасни и 1дете 1/2+2 студио – брачен креветс со кревети на кат или брачен кревет, фотеља на расклопување и софа со максимум капаците 2возрасни и 2деца

    ВИЛА ХОТЕЛ „MISTRAL“ – КАЛИТЕА

    €80,00
    Вила хотел Мистрал се наоѓа во мирниот дел на Калитеа на 5-7 мин. од плажа, во непосредна близина на вила Магдалини. Вилата располага со 1/2+1 студиа со комплетно опремена кујна, купатило, клима уред (вклучен во цената), и сат. ТВ. Во дворот има базен и лежалки, а WiFi пристапот е овозможен на базен и рецепција. На 50-ина метри се наоѓа голем јавен паркинг, каде и во висока сезона може да се најде бесплатно паркинг место. Вилата е идеална за оние кои покрај плажа и море, сакаат слободното време да го поминат покрај во базенот во пријатна атмосфера, а сепак блиску до центарот и сите збиднувања.

    Hotel „Maya Bay” Kalithea

    €125,00
    Локација: Грција / Халкидики / Касандра / Калитеа Хотелот има одлична локација, земајќи го во предвид фактот дека се наоѓа во близина на центарот на Калитеа, која истовремено нуди прекрасен поглед на Заливот Торонеос. Во близина на хотелот се наоѓаат најпознатите ноќни клубови од овој регион, кои нудат разновидна програма. Плажа: неполни 5 минути од песочна плажа. Услуга: Ноќевање со појадок (шведска маса). Можност за доплата за вечера (дирекно во хотел) - на барање Интернет: Бесплатно на бар / базен Сместување: Стандардна Двокреветна соба - Double Standard Room Двокреветни стандардни соби имаат страничен поглед на море *Вид на дополнително легло: кауч на пуштање, може да се сместат 2 деца до 11,99 години или 1 возрасен. Сите соби се опремени со ТВ, мини бар, клима уред, телефон, фен за коса, LCD телефизор, сеф, софа (дополнително легло), балкон, купатило со туш Хотелски содржини: Надворешен базен (бесплатно), бар покрај базен, рецепција 24/7, игротека за деца, room service (со доплата), перална (со доплата) За деца: Во склоп на хотелот има игортека за нашите најмали пријатели! Важна напомена: При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот / барот на плажа. Истите се достапни и можат да се купат во барот на плажата. Информации за објектот Далечина од морето: 350 m опис на објектот Паркинг Хотелски содржини и услуги Надворешен базен (бесплатно) Собна услуга Перална Рецепција 24/7 Wi-fi бесплатно (јавни места) Игралиште за деца Бар покрај базен Активности во близина на хотелот Дискотека Ресторанти Оброци Појадок (швед. маса) Доплата за вечера (дирекно во хотел) - на барање сите соби се опремени со Балкон ТВ Телефон Сеф Мини Бар Фен Бања/Тоалет Клима Уред LCD телевизор со сателитски канали Бебешко креветче Када/Туш Кабина Софа (дополнително легло) локација X Координати: 40.072341 Y координати: 23.449572

    ВИЛА „ КЛЕОПАТРА ”- КАЛИТЕА

    €65,00
    Вила КЛЕОПАТРА се наоѓа во централниот ден на Калитеа над супермаркетот Масутис, на околу 600 метри одалеченост од плажа. Располага со четрикреветни дуплекс апартмани со капацитет 4+2 ( спална со дули кревет, спална со два единечни кревети и дневна просторија со кауч и кујна). Сите апартмани имаат балкон, кујна комплет опремена, бања, ТВ, клима (вклучена во цена) и Wi-Fi. Истите се од Б категорија.