Понуди
    Filters
    Пребарување

    Истанбул со Принцески острови - 3НП

    €129,00
    Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста... мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул... кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ... Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

    Термин:19 Октомври    

    1 ден19.10.2018 СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

    Состанок на групата спроти хотелот Holiday In во 16:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 16:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.    

    2 ден   20.10.2018 ИСТАНБУЛ

    Пристигнување во Истанбул во утринските часови.

    Предлагаме панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес),Операта, стадионот на  ФК Бешикташ,  Долма Бахче Сарајот. Прошетка низ Таксим. Ве водиме до прекрасниот видиковец на Азиската страна Чамлиџа од каде Истанбул се гледа како на дланка.

    Предлагаме прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата... Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии...  Сместување во хотел. Слободно попладне.Ноќевање.

    3 ден 21.10.2018 ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ

    Појадок. Предлагаме прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: Коњска кочија –Пајтон, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период. Островот каде императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Предлагаме  ручек во еден од многуте рибни ресторани.

    Вечерта факултативно ве водиме во традиционален ресторан  со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Ноќевање.

    4 ден  22.10.2018 ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ    

    Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот.

    Во приквечерни часови ве водиме факултативно на Азиската страна на Истанбул и Ускудар со метро, преку подводниот тунел Мармарас, за само 4 мин. Тунелот е изграден 60 м. под Босфор. Во Ускудар ќе ја видиме познатата џамија на Михримах Султан. Потоа со автобус продолжуваме кон Бејлербеи, познато по многубројните ресторани покрај Босфор но и по прекрасните куќи на богатите жители на Истанбул. Тука се наоѓа и прекрасната палата на Султан Абдулазис. Место каде се снимаат и многубројните турски серии. Се враќаме преку најголемиот и најпознат мост преку Босфор.Ноќевање.

    5 ден 23.10.2018 ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ

    Појадок. Предпладне организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич. Потоа ве водиме во  МИНИЈАТУРК- најголем минијатурен парк во светот, отворен 2003 г. Паркот има 122 скулптури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период во размер 1:25. За крај го посетуваме голем шопинг центар ФОРУМ. Во попладневните часови поаѓаме за Скопје. Се патува преку Грција. Ноќно возење со попатни паузи.

    6 ден  24.10.2018 СКОПЈЕ

    Пристигнување во Скопје во утринските часови.

    ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 01 СЕПТЕМВРИ 119€ / 7.380 ден

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  129 / 8.000 ден

    Цената вклучува:

    *Превоз со високотуристички автобус

    на релација Скопје – Истанбул - Скопје

    * Сместување во хотел 3*  / 3 НП

    * Пратител на програмата

    Цената не вклучува:

    * Факултативни Излети:

    * панорамско разгледување на градот со автобус и лок. водич- 10 евра

    * Крстарење по Босфор -15 евра

    * Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата - 25 евра

    * Влезница за харемот Долма Бахче – 10 евра

    * Отомански - Византиски Истанбул: превоз со автобус и локален водич - 10 eвра

    * Влезници за  музеите: 

    Топ Капи – 15 евра, Подземна цистерна – 10 е.

    Аја Софија (влезница и аудио опрема) – 15 евра

    Харемот во Топ Капи – 10 евра

    *Посета на Принчеви острови- 15 евра

    * Возење со пајтон -

    * Посета на Азискиот дел – 10 евра

    * Вечера во национален ресторан – 30 евра  

    * Патничко осигурување 185 мкд.

    * Минијатурк – 10 евра

    * Билети за јавен превоз

    *** За реализација на програмата потребни се минимум 45 особи

    *** Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари 

    *** Сите други услови на патување важат според годишната програма на НЕХАР ТРАВЕЛ

    T.A НЕХАР TРАВЕЛ, ул. Мито Хаџи Василев Јасмин бр.52  Tel: 02/3 13 10 45 Моб: 071/380724

    e-mail: info@nehartravel.com.mk, www.nehartravel.com.mk