Понуди
    Filters
    Пребарување

    Аргентина и Бразил - Ноември 2018

    €2225,00
    ВО РИТАМОТ НА ТАНГО ДО САМБА ОД АРГЕНТИНА ДО БРАЗИЛ БУЕНОС АРИЕС - ВОДОПАДИТЕ ИГУАСУ - РИО ДЕ ЖЕНЕИРО 16.11.2018 - 28.11.2018 9 НОЌЕВАЊА / 13 ДЕНА, АВИОНСКИ ПРЕВОЗ, ТРАНСФЕР, ЕКСКУРЗИИ, ПРЕТСТАВНИК

    1 ден (16.11.2018) | Скопје - Доха

    Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во Скопје, два часа пред лет. Полетување од Скопје во 11:40 часот со авиокомпанијата Qatar Airways и слетување во Доха во 18:40 часот.

    2 ден (17.11.2018) | Доха - Буенос Ариес

    Полетување од Доха за Буенос Аирес во 07:10 часот. Пристигнување на меѓународниот аеродром Езејза во Буенос Аирес во 21:05 часот по локално време. Добре дојдовте во Аргентина! Пречек на аеродром од страна на нашиот претставник во Буенос Аирес и трансфер до хотел. Пристигнување во хотелот Dazzler Maipú Hotel 4* и сместување. Ноќевање.

    3 ден (18.11.2018) | Буенос Ариес

    Појадок. Во претпладневните часови се заминува на полудневен факултативен излет (околу 4 часа / вклучен во цената) низ јужните делови на главниот град на Аргентина со локален водич. Разгледот ќе започне со посета на квартот основан од италијанските емигранти, Ла Бока (La Boca) кој е познат по типичните шарени куќи, поплочени улици и многуте ресторани во кои можете да уживате во бројните претстави и маестралните танго изведби. Ќе имате можност да прошетате по улицата „Caminito“ позната како родното место на тангото. Разгледот продолжува со пауза за фотографирање пред стадионот на еден од најпознатите локални фудбалски клубови „Boka Juniors“ - Estadio Alberto J. Armando. Другото име на стадионот е „La Bombonera“. Овде тренирал и Диего Марадона.
    Следи посета на центарот на градот или „Plaza de Mayo“, каде ќе можете да ја видите Претседателската зграда уште позната и како Розевата куќа. Тука е и модерната зграда на најголемата катедрала во земјата, а наспроти неа е една од малкуте зачувани градби од 18 - ти век позната под името Кабилдо (Cabildo), каде некогаш бил сместен административен совет кој управувал со општината, а денес зградата се користи како музеј. Ќе поминеме по булеварот Мајо - „Avenida de Mayo“, кој ги "поврзува" законодавната и извршната власт на земјата. На едниот крај е Претседателството, а на другиот крај е Сенатот (Парламентот на земјата). Тука се наоѓа и познатата кафетерија Café Tortoni, која имa автентичен ентериер зачуван од средината на 19 - ти век (нема да се застанува или прави паузa, можете да го посетите за време на вашето слободно време). Разгледот продолжува на север, кон Булеварот 9 - ти Јули (Avenida 9 de Julio), што е најшироката улица во светот. Тука се наоѓа и познатиот Обелиск (Obelisco de Buenos Aires), кој е симбол на градот. Слободно време за одмор или можност за прошетка по Булеварот 9 - ти Јули, кој е во близина на хотелот, како и популарната пешачка улица Флорида, една од најатрактивните улици во аргентинската престолнина. Ноќевање.

    4 ден (19.11.2018) | Буенос Аирес

    Појадок. Денес ќе продолжиме да го истражуваме Буенос Ариес со полудневен разглед на северниот дел на градот (околу 4 часа / вклучен во цената). Ќе го започнеме разгледот со пауза за фотографирање на местото каде се наоѓа скулптурата на цвет изработена од челик и алуминиум Floralis Genérica, во близина на Правниот факултет на локалниот универзитет. Металниот цвет е дизајниран да ги отвара своите ливчиња наутро кога изгрева сонцето и да се затвoра навечер кога заоѓа. Ова го прави уникатен и претставува еден од симболите на градот. Ќе поминеме покрај Изложбениот центар и Националниот музеј за ликовни уметности. Следува застанување во квартот Риколета (Recoleta), кој е еден од најпрестижните во градот, познат по административните и станбените згради во француски стил и бројните музеи. Тука се наоѓаат и гробиштата Риколета, кои ќе ги посетиме и кои претставуваат музеј на отворено. Тука се погребани познати личности како Евита Перон, аргентински претседатели, локални уметници, добитници на Нобеловата награда, па дури и ќерката на Наполеон.
    Разгледот продолжува со поминување низ квартот Палермо, кој е познат по скапите аристократски станови со поглед кон паркот. Во Палермо се наоѓаат и Јапонските градини како и ботаничката градина на Буенос Аирес. Екскурзијата ќе заврши со посета на една од најубавите и уникатни згради во градот, книжарницата El Ateneo Grand Splendid. Оваа зграда првично била театар Teatro Grand Splendid и е изградена во 1919 година. Долги години зградата била празна, за конечно во 2000 година да се отвори како книжарница. Ентериерот е зачуван, а некогашната сцена денес е кафуле, а ложите и балконите со раскошни орнаменти се претворени во полици за книги и места за читање.
    Враќање во хотелот за слободно време за индивидуални активности, или на барање, можност за дополнителни факултативни излети: Крстарење по реката Тигре и делтата на реката Парана (со доплата - цена дополнително) или вечера и танго шоу во “La Esquina de Carlos Gardel” (со доплата, вечера со вклучени пијалоци). Ноќевање.

    5 ден (20.11.2018) | Буенос Аирес

    Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки по Буенос Аирес или можност за дополнителен факултативeн излет. Целодневна факултативна екскурзија до Ранчот Санта Сузана (Estancia Santa Susana Fiesta Gaucha) во aргентинската пампа (со доплата - цена дополнително). Во вечерните часови трансфер до аеродром за внатрешен лет до Игуасу (Iguazú). Средба со претставник на нашиот партнер во Игуасу, трансфер и сместување во хотелот Esturion 4*. Слободно време. Ноќевање во Пуерто Игуасу (Puerto Iguazú).

    6 ден (21.11.2018) | Водопадите Игуасу од страната на Аргентина

    Појадок. Целодневна екскурзија на водопадите Игуасу (Iguazú Falls) од аргентинска страна (влезницата за National Park e вклученa во цената). Денес нè очекува еден незаборавен ден во Националниот парк Игуасу, каде ќе ги видиме водопадите од аргентинска страна. Тука се наоѓаат 80% од водопадите, а само 20% се наоѓаат од бразилска страна. Преку 275 водопади се создадени од двете реки Игуасу и Парана, а на неколку места водата паѓа дури од 82 метри. Просечната количина на вода што минува низ водопадите е 1500 м³ во секунда и варира од зависност од сезоната и водостојот на реките. Ќе прошетаме по туристичките патеки, од каде се откриваат неверојатни глетки кон водопадите и од каде ќе можеме да ги направиме најубавите фотографии. Овој природен феномен ќе ве остави без здив со неговата убавина. Слободно време за ручек (не е вклучен во цената). Попладне има можност за дополнителна факултатива или слободно време. Ноќевање во хотел во Пуерто Игуасу (Puerto Iguazú).
    Дополнителна факултатива:
    Плoвeње во кристалните води на водопадите како дел од „Nautical adventures“ - морска авантура со брод (се плаќа на лице место).

    7 ден (22.11.2018) | Игуасу од Бразилска страна, Птичји парк / Рио Де Женеиро

    Појадок. Го напуштаме хотелот во Пуерто Игуасу, ќе ја поминеме границата и ќе влеземе во Бразил. Ќе поминеме по мостот на пријателството од каде има прекрасна глетка кон границите на 3 држави Аргентина, Бразил и Парагвај. Денешниот ден ни започнува со посета на Птичјиот парк (влезницата e вклучена во цената). Паркот е дом на над 1000 птици од различни краеви на Бразил. Се наоѓа во близина на националниот парк Игуасу и ќе ни овозможи одблизу да ги видиме различните видови на папагали, тукани, фламинга и најмалата птица во светот, колибрито, како и многу други разнобојни претставници на птичјиот вид. Полудневна екскурзија со локален водич низ водопадите Игуасу (Iguazú Falls) од бразилска страна (влезницата за National Park вклучен во цената). Денес ќе имаме можност да ги видиме најголемиот водопад од водопадите Игуасу, наречен Ѓаволско Грло (La Garganta del Diablo) и ќе ја осетиме величевственоста на природата. Ќе имаме можност да одиме по патеката кон водопадот и да уживаме во прекрасните звуци на природата. Во вечерните часови следува трансфер до аеродромот во Игуасу за лет до Рио Де Женеиро. Слетување во Рио Де Женеиро, вториот по големина град во Бразил, пречек од страна на претставник на локалниот туроператор во Бразил и трансфер до едно од најпопуларните одмаралишта - Копакабана. Се сместуваме во хотел на брегот на Атланскиот Океан - Augustos Rio Copa Hotel 4*. Ноќевање во Рио Де Женеиро.
    Дополнителна факултатива:
    Можност за лет со хеликоптер над водопадите Игуасу (резервација и плаќање на лице место - околу 160 $).

    8 ден (23.11.2018) | Рио Де Женеиро

    Појадок. Попладневна полудневна екскурзија во Рио Де Женеиро со локален водич (околу 6 часа, вклучена во цената на аранжманот). Екскурзијата започнува со посета на планината Корковадо (Corcovado) на чиј врв се наоѓа една од најпознатите статуи во светот, статуата на Исус Спасител. Статуата на Исус може да се види од сите точки во Рио Де Женеиро. Споменикот е изграден по повод 100 годишнината од независноста на Бразил во 1931 година. До статуата се стигнува со жичара која поминува и низ најголемата дождовна шума во градска средина во светот - националниот парк Тижука (Tijuca Forest). Со качување на само 100 скали (има и лифт) ќе стигнеме до место каде панорамскиот поглед е волшебен. Заминување од Корковадо кон најголемиот и најпознатиот стадион во Бразил - Маракана (The Maracanã - Estádio Jornalista Mário Filho). Пред реновирањето, на стадионот можеле да се сместат 100.000 гледачи, а по реновирањето во 2014 година, може да се сместат 80.000 навивачи. Ќе имаме кратка пауза за фотографирање пред стадионот, а оние кои сакаат ќе можат да влезат и внатре (доколку нема фудбалски натпревар, влезницата изнесува околу 10 $). Следува разглед на најубавите плажи во Рио со автобус - езерската област Região dos Lagos, со посета на плажите Ипанема и Леблон, како и луксузните плажи Фламего и Ботафого. Враќање во хотелот околу 15:00 часот. Слободно време. Ноќевање во Рио Де Женеиро.

    9 ден (24.11.2018) | Рио Де Женеиро

    Појадок. Полудневен туристички разглед на Рио Де Женеиро со локален водич, со вклучена посета на втората најважна знаменитост во Рио - познатиот рид Шеќерната глава (времетраење околу 4 часа, вклучено во цената на аранжманот). Ќе ја започнеме турата со втората најважна знаменитост во Рио - Шеќерната глава (Sugar Loaf). Планината е со висина од 395 m и од тука ќе имате можност да уживате во панорамскиот поглед на сите плажи во Рио. Од тука пружа прекрасна глетка кон мостот кој ги поврзува Рио и Нитерој, точно на средината на заливот Гуанабара. Качувањето со лифт вклучува и една пауза на 220 метри височина на планината Урка, од каде ќе можете да ја фотографирате од близу Шеќерната глава. Кога ќе се спуштиме од Шеќерната глава, ќе имаме можност да го видиме и стариот централен дел на Рио де Жанеиро. Ќе поминеме покрај модерната катедрала Канделарија (Igreja da Candelária), ќе прошетаме покрај Националната галерија, градскиот театар, музејот - Museum of Tomorrow (Museu do Amanhã) посветен на чувањето на животната средина, како и многу други историски и модерни згради во срцето на градот. Се враќаме во хотелот околу 13:00 часот. Слободно време. Вечерта можност за дополнителна факултатива Rio by the night - Вечера во Бразилски ресторан и Платформа шоу (не е вклучено во цената на аранжманот).
    Ноќевање во хотел во Рио Де Женеиро.

    10 ден (25.11.2018) | Рио Де Женеиро

    Појадок. Слободен ден во “градот на чудата”. Ќе имате можност да ја осетите локалната атмосфера и да прошетате до соседната плажа Ипанема, стариот луксузен кварт Санта Тереза, со бројните куќи, поплочени улици и да се повозите со стариот трамвај. Ќе имате можност да ја вкусите локалната кујна во еден од рестораните крај брегот на океанот или да се забавувате во некој од ноќните клубови со звуците на самба и боса нова, или можност за дополнителна факултатива - лагуните на Ангра дос Рејс (Angra dos Reis) (не е вклучено во цената на аранжманот). Ноќевање во хотелот во Рио Де Женеиро.

    11 ден (26.11.2018) | Рио Де Женеиро

    Појадок. Слободен ден за плажа, прошетка и шопинг. Хотелот го напуштаме во 12:00 часот. Имате можност багажот да го оставите во хотелот. Во вечерните часови има трансфер до меѓународниот аеродром во Рио де Женеиро и лет до Сао Паоло.

    12 ден (27.11.2018) | Сао Паоло - Доха 

    Полетување од Сао Паоло за Доха со авиокомпанијата Qatar Airways во 03:25 часот. Пристигнување во Доха во 23:55 часот.

    13 ден (28.11.2018) | Доха - Скопје

    Полетување од Доха за Скопје во 07:00 часот локално време. Слетување на аеродромот во Скопје во 10:40 часот.

    ЦЕНИ И АРАНЖМАН 

    Цена на пакет аранжман по лице:

    Датум На Патување

    Пакетна Цена По ЛицеЗа Сместување ВоДвокреветна Соба

    Пакетна ЦенаЗаСместување ВоЕднокреветна Соба

    16.11.2018 - 28.11.2018

    2225 €

    2588 €

    Промотивна цена за уплата до 31.01.2018

    1999

    2362

    можност за плакање на 12 или 24  месечни рати без камата

    Во цената на аранжманот е вклучено:

    • Авионски билет на релација Скопје - Буенос Аирес / Сао Паоло - Скопје и чекиран багаж од 30 kg по лице;
    • Авионски билет Буенос Аирес - Игуасу со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж од 23 kg по лице;
    • Авионски билет Игуасу - Рио Де Женеиро со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж од 23 kg по лице;
    • Авионски билет Рио Де Женеиро - Сао Паоло со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж од 23 kg по лице;
    • Сите трансфери опишани во програмата и екскурзии се со локални водичи и комфорни автобуси;
    • 3 ноќевања со појадок во хотел во центарот на Буенос Аирес Dazzler Maipú Hotel 4* во Буенос Аирес;
    • 2 полудневни разгледи на Буенос Аирес;
    • 2 ноќевање со појадок во хотел во централното подрачје на Пуерто Игуасу Esturion 4*;
    • Целодневна екскурзија на водопадите Игуасу од аргентинска страна со вклучени влезници;
    • Полудневна екскурзија на водопадите Игуасу од бразилска страна со вклучени влезници;
    • Посета на Птичјиот парк од бразилска страна со вклучени влезници;
    • 4 ноќевања со појадок во хотелот Augustos Rio Copa Hotel 4* во Рио Де Женеиро блиску до плажата Копакабана;
    • Полудневна екскурзија низ Рио до планинатта Корковадо и статуата на Исус Спасител - качување со жичара, вклучени билети и влезници за посета на стадионот Маракана (не е вклучена влезницата за самиот стадион);
    • Полудневна екскурзија во Рио со посета на ридот Шеќерната глава - качување со лифт (кабинска жичара);
    • Локален водич на англиски јазик за време на сите екскурзии во програмата;
    • Водич од организаторот на патувањето за време на целото патување.

    Во цената на аранжманот не е вклучено:

    • Аеродромски такси од 296 € кои подлежат на промена;
    • Дополнителните факултативни излети;
    • Индивидуални трошоци;
    • Храна, пијалоци и услуги кои не се споменати во програмата;
    • Задолжително патничко осигурување.

    Потребни документи:

    • Биометриски пасош со важност од минимум 6 месеци од датумот на враќање;
    • 1000 € депозит при резервација на аранжманот;
    • Копија од пасош и слика;
    • Доплата на целиот аранжман до 01.10.2018.

    Дополнителни информации:

    • Програмата на водопадите Игуасу се реализира во зависност од времето на летовите;
    • Локалните водичи се на англиски јазик, а водичот од организаторот на патувањето преведува на македонски јазик;
    • За патување во Бразил и Аргентина не е потребна дополнителна имунизација и за македонски граѓани не е потребно виза;
    • За реализација на ова патување потребни се минимум 15 патници. Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже патувањето или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети;
    • Доколку програмата не се реализира ќе бидете известени најкасно 30 дена пред поаѓање.

    Забелешки:

    • Цената на аранжманот е калкулирана по среден курс на aмериканскиот долар од 03.01.2018 и при промена на девизниот курс за повеќе од 5% организаторот на патувањето го задржува правото за промена на цената;
    • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на редоследот и тајминзите во програмата. Програмата како и редоследот на разгледи и посети се предмет на промени и во зависност од состојбата на терен и други објективни причини;
    • При лоши временски услови или други друга виша сила, организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата. Времето на полетување и слетување се предмет на потврда од авиокомпаниите;
    • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот;
    • Дополнителните факултативни излети се закажуваат и плаќаат во матичната агенција.

    Услови за отказ:

    • До 40 дена пред заминување - се задржува нерефундабилниот депозит од 1000 €;
    • од 39 дена до 0 дена пред поаѓање - 100% од цената на аранжманот.

    Предност на програмата:

    • Балансирана и атрактивна програма со комбинирана посета на едно од најатрактивните одмаралишта во светот Копакабана - сместување во хотел на брегот на Атланскиот океан;
    • Меѓународни летови со авиокомпанијата Qatar Airways;
    • Директни внатрешни летови со вклучени аеродромски такси;
    • Прекрасни хотели со 4* во Буенос Аирес, Пуерто Игуасу и Рио Де Женеиро со централна локација;
    • Хотелот во Буенос Аирес е на пешачко растојание од локалните атракции и знаменитости;
    • Хотелот во Рио Де Женеиро е во центарот на одмаралиштето Копакабана;
    • Во цената на аранжманот се вклучени сите трансфери опишани во програмата со комфорни автобуси, вклучени се влезниците за Националниот парк Игуасу од аргентиска и од бразилска страна и Паркот на птиците;
    • Посета на главниот град на Аргентина - Буенос Аирес, еден од најубавите градови во Бразил и светот - Рио Де Женеиро и едно од новите природни светски чуда - водопадите  Игуасу;
    • Водич - преведувач на македонски јазик за време на целото патување.

    ФАКУЛТАТИВИ

    Крстарење по реката Тигре и делтата на реката Парана, Аргентина (со доплата - цена дополнително)

    Поаѓање од хотелот со автобус по еден од главните булевари Avenida del Libertador, кој води кон луксузните квартови во северниот дел од градот, како што се Vicente Lopez и Olivos, каде што се наоѓа и резиденцијата на аргентискиот претседател. Ќе поминеме и покрај San Isidro и ќе ја видиме истоимената неоготска катедрала и ќе се упатиме кон квартот San Fernando. Градчето Тигре се наоѓа на брегот на истоимената река, која е дел од делтата на реката Парана, и е едно од најпопуларните места за одмор и бегство од градскиот метеж за локалните жители, со бројните мали островчиња, канали и притоки на големата река Парана. Крстарењето по реката ќе започне од пристаништето Тигре и ќе продолжи преку мрежата од канали, додека се восхитувате на зелените острови, елегантните вили, викторијанските докови, градини и клубови за веслање. Ќе сретнете многу кануа, локална самопослуга (повторно на брод), приватни јахти и многу насмеани луѓе. Ќе патувате и по реките Luján, Sarmiento, Tigre и San Antonio, додека уживате со филџан ароматично кафе и прекрасен локален десерт. Пристигнување на пристаништето и враќање во хотелот со автобус. Вклучува трансфер од / до пристаништето во Тигре, водич, патување со бродче. Времетраење на екскурзијата: околу 4 часа. (Со водич на англиски и шпански јазик).
    Цена по лице:  цена дополнително.

    Вечера со танго шоу во “La Esquina de Carlos Gardel” -  Аргентина (со доплата, вечера со вклучени пијалоци)

    Незаборавен спектакл со најсензуалниот танц - тангото. Овој спектакл се одржува во ресторанот - театар „La Esquina de Carlos Gardel“, именуван по познатиот аргентински танго изведувач, композитор и актер - Карлос Гардел. Вечерата е на мени со вклучени пијалоци. Шоу програмата вклучува танго изведба во различни варијанти. Ќе имаме прилика да видиме различни варијанти на танго кои се менувале со текот на времето и ќе ја осетиме моќната емоција која ја пренесува овој танц. Вечерата започнува во 21:00 часот. Шоуто започнува во 22:30 часот, а завршува околу 00:00 часот. Вклучува приватен трансфер, водич, вечера со вклучени пијалоци и богата шоу програма. Времетраење околу 4 часа.
    Цена по лице:  цена дополнително

    Целодневна екскурзија до Ранчот Санта Сузана (Estancia Santa Susana Fiesta Gaucha), Аргентина

    Во aргентинската пампа, земја на гаучосите. На овој излет ќе излеземе надвор од големиот град и ќе се запознаеме со навиките на аргентинските “каубои” - гаучоси, додека шетаме низ една од најголемите светски рамници - аргентинската пампа. Од Буенос Аирес до ранчот Санта Сузана се патува околу 80 километри. Тука ќе нѐ пречекаат нашите домаќини со пијалок и “empanadas” (традиционални закуски од месо во тесто). Потоа следи слободно време за различни традиционални активности на ранчот, како: јавање коњ, возење на вагон, прошетка низ ранчот и др. Следува ручек со традиционални „asados“ или различни видови на месо печено на оган, колбаси и разни салати, домашни десерти и разни пијалоци (вклучени во цената) и традиционален аргентински чај мате. За време на ручекот ќе имаме можност да уживаме во традиционалното шоу на локални танци и музика, а кон крајот на ручекот ќе имаме можност да уживаме во трките со коњи, демонстрација на вештините на гаучосите. Со водич на англиски и шпански јазик. Вклучува трансфер со автобус, локален водич, богат ручек, пијалоци, трка на коњи, шоу програма. Времетраење околу 8 часа.
    Цена по лице:  цена дополнително. 

    Rio by the night – Вечера во Бразилски ресторант со Платформа шоу (не е вклучено во цената на аранжманот)

    Трансфер од хотелот до ресторанот со автобус каде ќе имаме можност да ги пробаме сите типично Бразилски јадења, вклучувајќи ги и различните типови на месо (пијалоците се наплаќаат дополнително). После вечера ќе се преместиме во салата Plataforma, каде група на професионални танчери ќе ни ја долови историјата на Бразил преку шоу во 2 часа. Ќе ги видиме различните периоди низ кој поминувал Бразил - од основањето на земјата па се до денес, претставени во колоритни костуми, ритмичка музика и неверојатно расположение. На крајот на шоуто ќе ве освои ритамот на самбата доловен од прекрасните танчери со кои ќе имаме можност да се фотографираме. Вклучува трансфер, водич, вечера (без вклучени пијалоци), шоу спектакл. Времетраење околу 5 часа.
    Цена по лице: 92 €, минимум 10 пријавени патници. 

    Целодневна екскурзија до лагуните на Ангра дос Рејс (Angra dos Reis)

    Рано наутро со автобус се упатуваме кон Costa Verde или во превод Зеленото крајбрежје. На околу 150 км. (околу 3 часа во правец) западно од Рио се наоѓа реонот Ангра дос Рејс, кој претставува збир од повеќе од 100 острови. Следува крстарење (околу 4 часа) со типичен бразилски брод до некои од најубавите острови и пауза на тропски остров каде ќе имате можност да пливате во извонредните смарагдни води и да уживате во прекрасното сонце. Ручек на бродот. Касно навечер се упатуваме кон Рио со автобус и се враќаме во хотелот. Екскурзијата трае околу 12 часа. Вклучува трансфер со автобус, водич, прошетка со брод и ручек (без вклучени пијалоци).(Водич на англиски јазик).
    Цена по лице: 60 €, минимум 10 пријавени патници.

    Забелешка: Дополнителните факултативни излети се закажуваат и плаќаат во агенцијата при правење на резервацијата. Посочените цени, времетраење и заминување за дополнителните факултативи се ориентациони и се предмет на промени.

    Информации и цени за дополнителните факултативни излети: 
    Подложни на промена најкасно до 30 дена пред почетокот на аранжманот.

    Информација за хотелите во програмата:

    Dazzler Maipú Hotel 4* - Buenos Aires - https://www.dazzlerhoteles.com/en/hotels/argentina/hotels-in-ciudad-de-buenos-aires/dazzler-maipu/
    Хотелот Dazzler Maipú е централно лоциран во Буенос Аирес.

    Esturion Hotel 4* - Пуерто Игуасу - http://www.raicesesturion.com/
    Хотелот се наоѓа на 600 метри од центарот на Пуерто Игуасу и на само 150 метри од познатата точка за набљудување на трите земји (Бразил, Парагвај и Аргентина). Хотелот е на 15 km од Националниот парк Игуасу, на 19 km од меѓународниот аеродром Пуерто Игуасу (Аргентина), на 25 km од меѓународниот аеродром FozdoIguazu (Бразил).

    Augusto’s Rio Copa Hotel 4* - Рио Де Женеиро - http://www.riocopa.com/site/en/
    Хотелот се наоѓа на само 6 минити од плажа. На само 200 метри од плажата Копакабана (Copacabana Beach), овој модерен хотел располага со фитнес центар и отворен базен.

    Напишете сопствен осврт
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    • Лош
    • Одлично